Home Актуелно СДСМ тврди дека Заев ќе биде новиот мандатар

СДСМ тврди дека Заев ќе биде новиот мандатар

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде мандаторот за состав на новата влада која ќе ја води државата напред во следните четири години. Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопштија утринава од партијата.

„Успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори. Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој, зашто секој треба и секој ќе добие поддршка”, велат од партијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…