Home Актуелно Сашо Мијалков се повлекува од партиските функции во ВМРО ДПМНЕ

Сашо Мијалков се повлекува од партиските функции во ВМРО ДПМНЕ

Сашо Мијалков, член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска соопшти дека донел лична одлука да се повлече од сите партиски функции.

„Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување. Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции„ стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков наведува дека низ целиот свој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградувал во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите. Тој е еден од осомниченте во случаите „Таргет“ за незаконско прислушкување, „Трезор“ и „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…