Home Спорт Сари после финалето добива отказ, Челзи ја враќа легендата

Сари после финалето добива отказ, Челзи ја враќа легендата

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович донел одлука да му врачи отказ на Маурицио Сари веднаш после финалето во Лига Европа.

Абрамович ќе му врачи отказ независно од исходот на финалето, а причина за тоа е лошиот однос кој Сари го има со фановите на Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

Најголем фаворит за негов наследник е легендата на Челзи, Френк Лампард кој моментално е на кормилото на Дерби Каунти.

Во Челзи биле импресионирани како Лампад го водеше Дерби оваа сезона и стигна до финалниот плеј-оф за влез во Премиер лигата, па сметаат дека е вистинско време да му ја доверат клупата на „Стенфорд Бриџ“.

Се очекува Лампар да биде прифатен од сите во клубот, а најмногу од фановите, бидејќи е вистинска легенда која цели 13 години помина на „Стенфорд Бриџ“ и одигра 648 меча.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…