Санчез не ја стави раката врз Библијата при полагање на премиерската заклетва


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новоизбраниот премиер на Шпанија, Педро Санчез, при полагањето на премиерската заклетва во Заразуел палатата, во присуство на кралот Фелипе IV, одби да ја положи раката врз Библијата.

Санчез, лидерот на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), треба да го именува својот кабинет и дури откако списокот ќе биде објавен во службен весник владата ќе ја преземе должноста, што треба да се случи во следните неколку дена.

Она што е интересно е што Санчез не ја стави раката на Библијата при давањето заклетва и во просторијата немаше истакнато крстови. Ова е првпат еден шпански премиер да се заколне под такви услови, јавуваат шпанските медиуми.

Санчез вчера го наследи Рахој како седми премиер од воведувањето на демократијата по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година.

На Рахој владеењето му го прекина пресудата на шпанскиот суд со која неговата партија минатата недела беше прогласена за виновна за корупција. Недовербата во парламентот му беше изгласана вчера со 180 од 350 пратенички гласови.