САД објави мапа со најбезбедните држави на светот


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Министерството за надворешни работи на САД во понеделникот објави соопштение во кое ги предупредува патниците на зголемената опасност од терористички напади низ Европа, особено за време на Божиќ.

Во соопштението  патниците се советуваат да ги избегнуваат турканиците, посета на најпопуларните туристички атракции, како и да ги следат инструкциите на локалните власти.

Иако екстремистите во последната година изведоа терористички напади во Белгија, Франција, Германија и Турција, министерството стравува дека слични напади би можело да се случат било каде низ цела Европа.