САД не се сигурни дека Русија стои зад уништувањето на браната во Каховка – еве каква катастрофа значи оваа деструкција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјален Вашингтон порача дека сè уште не утврдиле дали Русија стои зад експлозијата на хидроцентралата во Каховка, но поплавите кои се случија ќе имаат големи последици по регионот.

„Она што е јасно е дека штетата по украинскиот народ и регионот ќе биде значителна“, кажа портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби.

„Во овој момент не можеме со сигурност да кажеме што точно се случило“, изјави тој, додавајќи дека САД ја надгледуваат ситуацијата и собираат информации.

„Видовме извештаи дека Русија е одговорна за експлозијата на браната, која таа нелегално ја зазема пред една година“, кажа Кирби и додаде дека прават сè за да дојдат до тие извештаи“.

Русија го осуди уривањето на Каховската хидроцентрала нарекувајќи го терористички акт, тврдејќи дека нападот е дело на Киев планиран во рамки на контраофанзивата, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.

„Тоа е терористички акт, насочен против инфраструктура која има исклучиво цивилна намена. Киевскиот режим претходно го испланирал во воени цели во рамки на таканаречената офанзива на оружените сили на Украина. Решително го осудуваме уништувањето на Каховската хидроцентрала извршено од оружените сили на Украина, што доведе до хуманитарна и еколошка катастрофа со големи размери“, се наведува во соопштението.

Се работи за една од најголемите брани во Украина која ја пресекува реката Днепар и чија стратешка важност за Русите е што од таму со вода се снабдува Крим, а за Украинците е што водата од оваа брана се користи за Запорожје нуклеарната централа, плус е наоѓа на некои си 30 км од Херсон. Утрово се случи експлозија по која браната е збришана, а водата почна да се излева.

Јужната команда на украинската војска тврди дека руските сили ја кренале браната во воздух, додека руските власти во Ново Каховка тврдат дека е терористички напад од украинска страна.

Браната висока 30 метри и широка стотици метри е изградена во 1956 од Советите како дел од Каховка хидроелектраната. Резервоарот на браната држи некои си 18 километри кубни вода.

Каховка е главен извор на вода за цел Крим, како и за потребите на нуклеарната централа Запорожје, инаку најголема во Европа, ја снабдува и истоимената хидроцентрала која е една од најважните точки за украинската електрична мрежа, а од нејзе се полни и системот канали кој полива голем дел од земјоделските површини во јужна Украина.

Веднаш по рушењето на браната првиот човек на регионот Херсон ги повика жителите веднаш да почнат со евакуација бидејќи во рок од 5 часа водата ќе достигне критични нивоа.

Русите ја освоија браната уште во февруари 2022, а и покрај обвинувањата од Зеленски дека имаат поставено експлозиви на нејзе, таа остана употреблива и за време на есенската офанзива кога руските сили беа приморани да се повлечат назад преку Днепар.

Во мај украинската страна обвини дека Русите намерно испуштаат поголеми количини вода за да ги поплават околните села кои се низводно од браната. Руски функционери за енергетика пак тврдеа дека постои ризик за уништување на браната од рекордните врнежи на дожд годинава заради што мораат да испуштаат вода.