САД најавија дека воведуваат целосна забрана за увоз на гас, нафта и јаглен од Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот претседател Џо Бајден, денеска попладне потврди дека САД воведуваат целосна забрана за увоз на гас, нафта и јаглен.
Според Бајден, овој потег значи дека американскиот народ нанесува уште еден силен удар на Путин и неговото раководство.
„Ние нема да бидеме дел од субвенционирањето на војната на Путин“, порача Бајден.
И покрај стравувањето дека ваквиот чекор ќе ги зголеми цените на бензинот, тој доби широка политичка поддршка во САД, пренесе Би-би-си.
Ваквиот потег беше најавен од утрово, а во исчекување на потврдата на Бајден, цената на суровата нафта порасна за околу 5 отсто, односно на 150 долари за барел.
Претходно, и Европската комисија објави план за независност на Европа од руските фосилни горива пред 2030 година, што дојде откако Русија се закани дека ќе го затвори магистралниот гасовод за Германија доколку Западот продолжи со забраната за руска нафта.
Дел од британските медиуми објавија дека на ваков чекор се подготвува и Велика Британија, а во текот на денот не се исклучува и обраќање од британскиот премиер Борис Џонсон на оваа тема.