Облачна и студена среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, среда, 9. март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени. Маврово -4. Охрид, Битола и Крива Паланка 2, Берово 0, Кавадарци 6, Дојран 8.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утре ќе има повремени локални врнежи од снег.