Русковска најави финансиска истрага за судиите од Апелација поради домашниот притвор за Катица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако вчера во раните вечерни часови бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше пуштена на домашен притвор од притворското одделение во Шутка, јавната обвинителка Вилма Русковска се закани дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои донесоа таква одлука за Јанева.

Фокус пренесува дека во изјава за нивниот медиум од Апелациониот суд најавиле дека утрово ќе оддржат колегиум, по што ќе имаат официјално соопштение за јавноста.

Апелационите судии кои синоќа ги контактирале од „Фокус“ не сакале официјално да ја коментираат изјавата на Русковска, но во неформален разговор посочиле дека се шокирани.

„Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост“, изјавија вчера од Апелацискиот суд. Лекарската документација, според судиите од Апелација, укажувала дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Во случајот „Рекет“ покрај Јанева, обвинети се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец. Јанева беше уапсена на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. Покрај Јанева, во домашен притвор претходно беше пуштен и Кичеец, а во притвор останува Борјан Јовановски за кого неговите адвокати вчера побараа да биде хоспитализиран поради здравствени проблеми.