Облачна и дождлива среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија денес ќе имаме врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер (над 60 км/час). Во југоисточните делови се очекува да наврнат над 35л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 16, Битола 16, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 17, Дојран 16.

Утре ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе бидат Скопје 15, Маврово 9, Охрид, Битола и Крива Паланка 14, Кавадарци 17, Берово 13, Дојран 19.