Руското министерство за одбрана објави дека руските сили го зазеле стратешки важниот град Лиман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека Лиман, стратешки важен град во областа Доњецк, е под целосна контрола на руските сили и проруските сепаратисти.

Тоа е важен железнички јазол западно од Северодоњецк. За Лиман утринава зборуваше и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека бил окупиран од руски сили.

„По заедничка операција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Украина вчера призна дека Русија го зазела поголемиот дел од Лиман, но тврди дека украинските сили сè уште го блокираат пристапот до Славјанск, град на околу половина час возење југозападно.

Лиман е стратешки важен град бидејќи овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.