Home Актуелно Руските испораки на гас на историски минимум

Руските испораки на гас на историски минимум

Испораките на руски гас во Европа во август би можеле да паднат на историски најниско ниво, се наведува во извештајот на рускиот центар за развој на енергија.

„Испораките на рускиот гас во Европа во август ќе паднат на историски минимум. Испораките од Гаспром може првпат да паднат на помалку од 400 милијарди кубни метри до крајот на годината“, се наведува во извештајот, пренесува ТАСС.

„Гаспром“ во јули испорача на Европската унија околу 3,5 милијарди кубни метри гас, што е за 25 отсто помалку во однос на јуни, но ги зголеми приходите, според анализата, пренесува „Капитал“.

Цената на гасот во Европа во истиот месец во однос на јуни скокна за 60 отсто.

Во извештајот се додава дека цената треба да се зголеми за околу 25 отсто во август за да се компензира новиот пад на испораките преку гасоводот Северен тек.

Центарот не очекува ваков скок на цената на гасот, бидејќи таа е веќе на критично високо ниво за европската индустрија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…