Home Актуелно Руската помош за борба против коронавирусот пристигна во САД

Руската помош за борба против коронавирусот пристигна во САД

Руската помош наменета за САД, за борба против коронавирусот, со воен транспортен авион пристигна во Њујорк.

Во пратката беа донирани медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбата против коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош. Трамп ја прифати помошта и се заблагодари. Надлежните од Кремљ очекуваат САД да врати со иста мера кога ќе биде во можност. Помошта се состои од респиратори , маски, и друга опрема.

Инаку САД, со 215 илади заразени, е водечка земја во светот според бројот на потврдени случаи со КОВИД- 19.. Според бројот на смртни случаи – досега 5.100, се наоѓа веднаш зад Италија и Шпанија.

Светот се доближува до бројката од еден милион заразени од КОВИД-19 и речиси 50.000 мртви. Досега во светот има над 936 илјади инфицирани од вирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…