Руската дипломатија на колена – Путин спремен за средба со Трамп


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во нормална демократија, ваква голема дипломатска катастрофа би довела до оставки во врвот на министерството за надворешни работи и разузнавачите, како и експресна парламентарна истрага. Имиџот на егзекутивата би бил драматично нарушен, пишува Дојче Веле.

Но, Русија не оддава знаци на демократија. Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров во понеделникот ладнокрвно отиде да игра фудбал со ветераните на Спартак. Руската амбасада во Вашингтон одговори на исфрлањето на 60 дипломати од САД со шега на Твитер. Ги праша своите следбеници кој од трите конзулати на САД во Русија треба да бидат затворени како одговор на мерките на Вашингтон.

Нема дилеми дека Кремљ ќе одговори на протерувањата: ќе исфрли дипломатски персонал, ќе затвори еден или повеќе американски конзулати.

Но, надвор од ова, стандардните политички и дипломатски мерки на Москва се ограничени. За разлика од Велика Британија која има уште неколку на располагање: заплена на „сомнителен имот“- со други зборови, имоти на руски олигарси во земјата – одземање на британското државјанство, и.т.н. Не би можел да се исклучи ниту целосен бојкот на Светското првенство во фудбал од страна на Британија, доколку истрагата утврди нови цврсти докази вмешаноста на руската држава.

Москва повеќепати лажеше пред инцидентот во Солсбери: за труењето на екс-агентот на КГБ Александер Литвиненко за кое тврдеше дека е дело на Борис Березовски, за „агресијата“ на Грузија во Јужна Осетија, за „украинските фашисти“ на Крим, за руските трупи во Донбас, како и за лажниот контролор на лет кој забележал лажен украински авион како го урива леталото на Малезија ерлајнс. Сега, оваа долга нишка на лаги доведе до дипломатска катастрофа.

Но Кремљ нема да попушти. Секое повлекување таму се гледа како пораз. Сигурен сум дека Москва веќе размислува за „асиметричен одговор“ на Западот. За таа цел има на располагање хакери, пропагандисти и, доколку затреба, руската армија. Студената војна понекогаш наликуваше на боксерски меч. Имаше правила. Во новата руска конфронтација со Западот, такво нешто нема да има. Путиновата Русија одбра битка без правила.

РОд друга страна, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да одржи состанок со американскиот колега Доналд Трамп и покрај протерувањето на 60 руски дипломати од САД како одговор на труењето на поранешниот шпион во Британија, изјави портпаролот на Путин, Дмитри Пешков. Руската страна останува отворена, се разбира, рече Пешков, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи оти „се зависи од нашите американски колеги“.

Путин и руската страна се подготвени да развиваат заемно корисни и заемно доверливи односи со сите земји, вклучувајќи ги и САД, до степен до кој нашите противници или партнери се подготвени за ова, истакна Пешков.