Home Актуелно Русите ја ставија „Мета“ на листата на „екстремистички организации“

Русите ја ставија „Мета“ на листата на „екстремистички организации“

Американскиот технолошки гигант Мета, компанија во чија сопственост се најпопуларните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, е ставена на руската листа на „екстремистички” организации, пренесе режимската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на денешната објава на руската државна финансиска агенција Росфинмониторинг.

На почетокот на оваа година Русија ги забрани Фејсбук и Инстаграм. Тоа беше првата примена на неодамна усвоениот руски закон за „екстремизам“ на странска технолошка компанија. Пред рускиот напад на Украина на таа листа се наоѓаа групи како Талибанците и Исламската држава.

Руските државни обвинители денеска изјавија дека Мета „намерно дозволила говор на омраза против Русите, што создаде алтернативна реалност во која се потиснува секоја проруска позиција и се охрабрува омраза“.

Во јуни, судот во Москва ја отфрли жалбата на Мета против пресудата со која компанијата беше прогласена за виновна за „екстремистичка активност“ во Русија. Тогаш адвокатот на Мета пред судот изјави дека Мета не е екстремистичка организација и дека се противи на ширењето омраза кон Русите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…