Русија ја забрани социјалната мрежа Фејсбук


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Руската државна новинска агенција РИА Новости наведува дека Русија го забранува Фејсбук.

Државниот регулатор на медиуми Роскомнадзор одлучил да го блокира пристапот до оваа социјална мрежа. РИА Новости наведува дека од октомври 2020 имало 26 случаи на дискриминација на руски медиуми од страна на Фејсбук, со ограничен пристап до каналите кои ги поддржува државата, како што се РТ и новинската агенција РИА.

Извршниот директор на Фејсбук Ник Клег рече дека оваа социјална мрежа ќе направи „сè што може“ за да ги обнови услугите во Русија. Клег е поранешен британски вицепремиер.

„Наскоро милиони обични Руси ќе бидат отсечени од доверливи информации, лишени од секојдневни начини да се поврзат со семејството и пријателите и замолчени“, наведе Клег и дополни:

„Ќе продолжиме да правиме се што можеме да ги обновиме нашите услуги за тие да останат достапни за луѓето безбедно да се изразуваат и да се организираат за акција.“

Рускиот регулатор го блокираше пристапот до Фејсбук со образложение дека ја ограничува слободата на говор.