Home Актуелно Путин го потпиша законот со кој се предвидуваат затворски казни за ширење „лажни вести“ за руската војска

Путин го потпиша законот со кој се предвидуваат затворски казни за ширење „лажни вести“ за руската војска

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се предвидуваат затворски казни за ширење „лажни вести“ за руската војска, пренесува АФП.

Како што објасни на Твитер Алексеј Ковалев, уредник на Медуза (еден од ретките преостанати руски независни медиуми), „лажни вести“ значи секоја вест за армијата или војната што не ги дистрибуира руското Министерство за одбрана, или секоја медиумска содржина во која „специјалната операција“ на Путин се нарекува со вистинското име – војна

„Да, отсега, буквално не можете во Русија, под закана од екстремна казна, да ја нарекувате руската инвазија во Украина дека е војна“, објасни Ковалев, објави АФП.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…