Home Актуелно Русија ја објави листата со непријателски земји – меѓу нив е и Македонија

Русија ја објави листата со непријателски земји – меѓу нив е и Македонија

Руската влада ја одобри и објави листата со странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, нејзините компании и граѓани. На листата со речиси 50 земји се наоѓа и Македонија.

Според соопштението на руската влада, непријателски земји на Русија се: САД, Канада, Велика Британија (вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британски Девствени Острови, Гибралтар), сите земји членки на ЕУ, Украина, Сан Марино, Македонија, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.

Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.

Руската влада вели дека руските граѓани и компании, како и руските државни институции кои имаат кредити од компании од земји од оваа листа можат да ги враќаат во рубљи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…