Home Спорт Румениге: Да го купиме и препродадеме Хамес? Па ние не сме трговци на луѓе

Румениге: Да го купиме и препродадеме Хамес? Па ние не сме трговци на луѓе

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге беше запрашан дали клубот има намера да ја активира откупната клаузула за Хамес Родригез.

Баварците имаат право да го откупат Колумбиецот за 42 милиони евра, иако пазарната вредност на фудбалерот во моментов е многу повисока.

Поради тоа медиумите шпекулираа дека Баерн може да го откупи Хамес за 42 милиони евра, а потоа да го препродаде во друг клуб за многу поголема сума.

„Не, тоа не е стилот на Баерн. Ние не сакаме да тргуваме со луѓе за да спечалиме пари. Баерн ниогаш претходно не направил такво нешто. Следната недела ќе имаме состанок за да донесеме конечно решение“.

„Тој е суперѕвезда и се разбира дека сака да игра редовно. Заедно ќе донесеме одлука за неговата иднина и ќе ја соопштиме јавно“, изјави Румениге.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…