Home Актуелно Румен Радев го освои вториот претседателски мандат во Бугарија

Румен Радев го освои вториот претседателски мандат во Бугарија

Румен Радев со убедлива победа над противкандидатот Анастас Герџиков го освои вториот претседателски мандат во Бугарија на денешниот втор круг од претседателските избори. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.

Ова беа четвртите избори во Бугарија во изминатите осум месеци, по трите парламентарни, и излезноста беше околу 30%.

По гласањето, Радев ги повика Бугарите на целосна мобилизација „за да не се дозволи минатото да ја минира иднината“. Тој освои 49,42% гласови минатиот викенд, наспроти 22,83% на Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…