Home Спорт Роналдо во проблеми: Обвинителството одби спогодба, случајот оди на суд

Роналдо во проблеми: Обвинителството одби спогодба, случајот оди на суд

Шпанските даночни власти одбија да постогнат споразум со ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, пренесуваат шпанските медиуми.

Медиумите тврадат дека власите е го прифатиле предлогот на португалскиот репрезентативец и случајот ќе продолжи на суд.

Роналдо се терети дека затаил 14,7 милиони евра, па сега обвинителството бара да се врати целата сума на пари плус дополнителните трошоци, што значи дека Португалецот треба да плати 25,6 милиони евра.

„Тој понуди само мал дел да плати од тоа што го должи и ние во никој случај не може тоа да го прифатиме“, изјави човек од обвинителството за весникот „АС“.

Се тврди дека Роналдо му понудил на Министерството за финансии 5 до 6 милиони евра, што веднаш било одбиено, па целиот случај ќе оди на суд.

Роналдо сега се соочува со затворска казна, исто како што неговиот ривал Меси беше осуден на две години затвор, но во Шпанија ваквата затворска казна може да се „откупи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…