Home Спорт Роналдо конечно распали за Ал Наср – им даде 4 гола на Ал Вехда (снимка)

Роналдо конечно распали за Ал Наср – им даде 4 гола на Ал Вехда (снимка)

Кристијано Роналдо конечно се покажа во своето вистинско, голгетерско светло и на натпреварот против Ал Вехда постигна четири гола за Ал Наср – по два гола во двете полувремиња.

Натпреварот беше отворен по 21 минута кога Роналдо доби една одлична топка во простор одлично се отвори и си создаде ситуација од која ја затресе мрежата. На пет минути пред истекот Роналдо од слична ситуација, само од спротивната страна на шеснаесетникот го постигна и својот втор гол.

Се играше 51. Минтута кога Роналдо од пенал го постигна третиот гол и стигна до првиот хет-трик во Саудиска Арабија и 61. вкупно во кариерата. Четврти пат во листата на стрелци Роналдо се запиша десет минути подоцна.

Со овие четири гола, Кристијано Роналдо дојде до бројката од 502 погодоци во лигите во кои настапувал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…