Роналдо ја одби „понудата што не се одбива“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо сигурно ќе ја одбие супер-богатата понуда од Саудиска Арабија, тврди „ЕСПН“, иако опциите за трансфер од „Олд Трафорд“ му се стеснуваат.

Роналдо доби „непристојна понуда“ од неименуван саудиски клуб да потпише двегодишен договор, а за тоа да добие неверојатни 250 милиони евра.

Неименуванио клуб од Саудиска Арабија понудил 30 милиони евра на Манчестер Јунајтед за да му дозволи на Роналдо да си замине, со оглед дека има договор до јуни 2023 година.

Според ЕСПН, Роналдо ја одбил понудата бидејќи сака да остане во Европа и да игра врвен фудбал во Лигата на шампиони.

37-годишниот Португалец сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но нема многу опции бидејќи Челзи, Баерн Минхен и ПСЖ одбија да го ангажираат.