Home Спорт Роналдо донесе одлука за неговата иднина во Манчестер Јунајтед

Роналдо донесе одлука за неговата иднина во Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо донел одлука во однос на неговата иднина и кариера во Манчестер Јунајтед. Фудбалскиот ас решил да го одработи договорот со Манчестер Јунајтед, пренесува „АС“.

37-годишниот Португалец минатото лето потпиша двегодишен договор, но медиумите на Островот во последно време шпекулираат дека сака да си замине на крајот на сезоната.

Таа опција изгледаше уште поверојатна пред неколку дека кога „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампиони и Роналдо за прв пат од 2005 година остана без освоен трофеј.

Роналдо не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник, но јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов тренер на крајот на сезоната.

Покрај се, Роналдо решил да остане и верува дека Јунајтед ќе назначи одличен менаџер со кој следната година ќе може тимот да се бори за трофеи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…