Home Спорт Роналдо доби биста на аеродромот и стана предмет на потсмев!

Роналдо доби биста на аеродромот и стана предмет на потсмев!

Аеродромот во Мадеира, местото каде што е роден еден од најдобрите светски фудбалери, Кристиано Роналдо, вчера и официјално беше преименуван во чест на освојувачот на четири „Златни топки“.

„Да видам дека аеродромот го носи моето име е посебна чест. Сите знаат дека се гордеам со своите корени“, изјави 32-годишниот Роналдо.

На свечената церемонија присуствуваа и претседателот и премиерот на Португалија, кои лично го открија плакетот и бистата на Роналдо пред аеродромот.

Токму таа статуа предизвика многу контроверзи и стана хит на социјалните мрежи. Уметникот кој добил задача да ја направи очигледно не си ја завршил добро работата, па веднаш почнаа мајтапи на сметка на најдобриот фудбалер во светот.

Знаејќи колку голем его има Кристиано, веруваме дека не очекувал дека еден од најубавите денови во животот ќе му го расипе лошата работа на еден скулптор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …