
Родната куќа на Билјана Јевтиќ остана празна: Кога ќе ја изгубиш мајката, губиш дел од душата
Мајката на Билјана Јевтиќ почина. Таа ѝ беше најголема поддршка и ослонец во животот, а пејачката сè уште не собра сила јавно да зборува за болната загуба.
Билјана пораснала во селото Грејач, помеѓу Ниш и Алексинац, и со години живеела во скромна и недовршена куќа во која имало дури десет члена.
– Можеби некогаш имало и повеќе, но она што јас знам е дека кога се родив, бевме десетмина. Беа татко ми, мајка ми, баба, прабаба, стрико, уште некои постари луѓе, како и јас и сестра ми како најмлади.
Сите живеевме во една мала куќа, со две соби и еден мал ходник. Тогаш немаше бетон, туку земјен под. Во една соба спиевме четворица – јас, сестра ми, татко ми и мајка ми, а во другата соба шестмина. Така живеевме, но бевме среќни – раскажа Билјана за “Гранд” и додаде дека отсекогаш ги почитувала своите роднини и родители и дека секогаш ја имала нивната поддршка.
Никогаш не се двоумела да им помага на родителите, дури и да чува стока со сестра си и да извршува земјоделски работи.
– Што сè не сум работела… Понекогаш татко ми ме нервираше кога нè будеше во пет наутро за да ги завршиме сите земјоделски работи. Имавме големо имање, живеевме од тоа. Станувавме многу рано, а речиси до 23-та година работев, без разлика што одев во средно училиште.
Ќе се вратам од училиште и веднаш во нивата, немаше „не можам“ или „не сакам“. Морав и свињите да ги терам на паша – истакна пејачката во емисијата „Из профил“ и додаде дека како дете била многу снаодлива, па со сестра си успевале да ги организираат земјоделските работи и слободното време.
– Се снаоѓавме, ги пуштаме кравите на испаша, тие имаат пченка, ќе се најадат и ќе заспијат, а ние се капеме во реката. Ние се забавувавме и игравме, тоа не ми беше оптоварување – раскажа Билјана за “Гранд”, истакнувајќи дека благодарение на своите родители успеала да го пренесе доброто воспитување и на својот син.
Пејачката нагласи дека е среќна што од мајка си научила да ги работи сите домашни работи, како и што стекнала занаетски вештини кои ѝ биле корисни подоцна.
– Мајка ми шиеше, а покрај неа научив и јас секогаш да си направам нешто убаво за себе – изјави Билјана во една прилика.