
Мирисот што го оставаме зад себе може да стане дел од нашиот идентитет и да нè направи препознатливи, а сега потрошувачите имаат можност да ги набават омилените мирисни ноти со попуст до дури 50 отсто.
Компанијата Lilly Drogerie во соработка со брендот Benetton го одбележа почетокот на акцијата за попусти на сите парфеми и тоалетни води, во рамките на која сите потрошувачи ќе можат да уживаат во неодоливи мириси по значително пониски цени.
На настанот се собраа претставници од медиумите и инфлуенсери, кои со воодушевување го испробуваа богатиот асортиман на парфеми и тоалетни води. Покрај тоа, се одржа интересна активност, каде што победникот беше избран со гласовите на публиката.
Натпреварувачката со најмногу освоени гласови доби вредна парична награда во износ од 25.000 денари, која ќе ја искористи за купување на производи што ќе бидат донирани во добротворни цели.
Присутните уживаа во одлична музичка програма, како и во тематска дегустација која ги разбуди сите сетила.
Сите парфеми и тоалетни води во Lilly drogerie продавниците и на онлајн шопот се намалени до 16 март 2025.