Home Шоубизнис Емилија Попадиќ имала 40 години, а ќе ве изненади колку години имал легендарниот Гига Моравац во „Подобар живот“

Емилија Попадиќ имала 40 години, а ќе ве изненади колку години имал легендарниот Гига Моравац во „Подобар живот“

Колку години имал Гога Моравец – многумина заборавиле

Серијата Подобар живот на Синиша Павиќ обележа многу генерации, а нејзините реплики и денес со насмевка се цитираат. Оваа серија стана култна поради повеќе причини, а повеќе од 37 години по емитувањето на последната епизода, фановите сè уште страстно дебатираат за неа.

Подобар живот се издвојува како најдолгата југословенска серија, со вкупно 82 епизоди (вклучувајќи го и филмот и новогодишниот специјал). Првиот циклус опфаќа 47 епизоди, додека вториот започнува со филм, по кој следуваат уште 35 епизоди.

Во главната улога е петчленото белградско семејство Попадиќ (маж, жена, два сина и ќерка), кое се соочува со секојдневните проблеми на современото општество. Главниот лик, Драгиша Попадиќ, го толкува Марко Николиќ. Неговата сопруга Емилија Попадиќ ја игра Светлана Бојковиќ, постариот син Саша го глуми Борис Комнениќ, помладиот – Боба, Драган Бјелогрлиќ, а ќерката Виолета ја толкува Лидија Вукиќевиќ.

Првата епизода на серијата беше емитувана во 1987 година. Гига Моравец беше типичен татко од тоа време, чијашто работна етика беше обликувана од тежината на мотиката, додека Емилија претставуваше урбана елита.

Драган Бјелогрлиќ како Боба беше класичен тинејџер, додека неговиот брат Гуза, кого го толкуваше Борис Комнениќ, беше проблематичниот син. Лидија Вукиќевиќ како Виолета ги освои срцата на гледачите, совршено доловувајќи го ликот на разгалена ќерка.

Интересно е колку години имале актерите кога се снимаше серијата:

Марко Николиќ, роден на 20 октомври 1946 година, во времето кога се емитуваше првата епизода од серијата, имаше 41 година.

Светлана Бојковиќ, родена на 14 декември 1947 година, имаше 40 години.

Драган Бјелогрлиќ, роден на 10 октомври 1963 година, имаше 24 години.

Борис Комнениќ, роден на 29 март 1957 година, имаше 30 години.

Лидија Вукиќевиќ, родена на 20 јули 1962 година, имаше 25 години.

Оваа серија не само што ја забавуваше публиката, туку и го одразуваше духот на времето и животните предизвици со кои се соочуваа семејствата, оставајќи длабока трага во срцата на гледачите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…