Родители ја тужата државата – не им дозволува на ќерката да ѝ дадат име Алах


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Елизабет Хенди и Билал Вак ја тужат сојузната држава Џорџија, во САД, преку група за човекови права, поради одбивање на барањето својата 22-месечна ќерка да ја именуваат Алах.

Според законите на американската сојузна држава Џорџија, името на детето мора да го содржи презимето од таткото и од мајката или да има слична комбинација во склоп со вредностите на културната конвенција за давање имиња. Исто така, името не смее да содржи броеви, симболи или поими кои имаат лошо значење на било кој јазик.

Американската унија за граѓански права (ACLU) поднесе тужба до Џорџија, во која наведува дека парот не може да добие број од социјалното осигурување за својата ќерка бидејќи немаат извод за родени. Исто така, немаат право на здравствено осигурување и школување, а и не можат да патуваат.

„Тоа е неправедно кршење на нашите права“, вели Вок.

За списанието Atlanta Journal-Constitution тој изјави дека името нема никаква врска со религијата и дека им се допаднало бидејќи звучи благородно и има значење „Бог“ на арапски јазик.

Државните службеници велат дека името на девојчето Залика Грејсфул Лорејна Алах во името мора да има Вок или Хенди, или комбинација од двете презимиња на родителите.

Во својата тужба која ја поднесоа во четвртокот со помош на групата за граѓански права, родителите напишаа дека нејзиниот поголем брат се вика Мастерфул Мосирах Али Алах и дека неговото име државата никогаш не го оспорила.

Мајкл Баумринд, адвокатот кој ги застапува родителите, истакна дека родителите одлучуваат како ќе го именуваат детето, а не државата.