Рита Ора ги изнервира селаните од местенцето каде побегна од карантинот во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пејачката Рита Ора го напушти Лондон и побегна на село откако во главниот британски град беше воведен карантин заради епидемијата на коронавирусот. Но, нејзините нови соседи воопшто не се задоволни од однесувањето на пејачката и нејзината екипа.

Пејачката моментално е во Котсволдс во југозападниот дел на земјата со пет други лица и резервирала сместување во куќата пред да се донесат мерките. Таа, наводно, е со група луѓе со кои работи на својот нов албум.

Мештаните се бесни откако Рита и пријателите ги избркале од јавните површини и им летале дронови над глава.

Една жена изјави дека чуварите на Рита го расплакале нејзиниот син, ги бркале од јавн поитевршини, и додека заминувале, ги следел дрон.

„Зарем таа не треба да ги следи правилата и да остане во Лондон?“ се прашуваат жителите.

Рита не се нервира за нивниот гнев и наместо тоа позираше на ливада во проѕирна маица без градник.

„Таа е смртно сериозна во врска со карантинот и дава се од себе за да се изолира“, рекоа пријателите на Рита, кои негираа дека сега организира забави.