Home Спорт Римскиот принц не заборава и не простува: Тоти го честеше тимот вечера, Спалети остана дома

Римскиот принц не заборава и не простува: Тоти го честеше тимот вечера, Спалети остана дома

Франческо Тоти соопшти дека во недела против Џенова дефинитивно ќе го одигра својот последен натпревар за Рома, па во знак на благодарност го изведе целиот тим на „Римската волчица“ на вечера. Поточно, не баш сите, бидејќи тренерот Лучано Спалети не доби покана и си остана дома.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерите на Рома уживале во познатиот ресторан La Pergola, а на крајот од вечерта следеше и заедничка фотографија која Тоти ја објави на својот Твитер профил.

Принцот од Рим и Спалети веќе подолго време не се во добри односи, па искусниот фудбалски стручњак на долгогодишниот капитен на Рома му даваше шанса на терен само „на мали лажички“, а Тоти често влегуваше во игра во судиските надополнувања.

Останува да се види дали Франческо ќе одлучи да ја заврши играчката кариера во Рома или како 41-годишен фудбалер ќе облече дрес од некој друг клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …