Home Шоубизнис Ријана распали против Трамп: „Тој е најболното битие во САД во моментов“

Ријана распали против Трамп: „Тој е најболното битие во САД во моментов“

Музичката ѕвезда и дизајнерка во подем, славната Ријана, во едно подолго интервју за модното списание „Vogue“ зборувала за своите модни и музички потфати. Но, чоколадната убавица од Барбадос не пропушти да го прокоментира и искритикува и претседателот на САД, Доналд Трамп.

На коментарот од првиот човек во Белата куќа за неодамнешното пукање во Ел Пасо, кое тој го нарече чин на кукавици кој е резултат на ментални проблеми, Ријана му одговорила дека погрешно го спелува тероризмот.

„Луѓето се убиваат со оружје кое легално го набавуваат. Ова едноставно не е нормално. Тоа никогаш не би требало да е нормално. А факт е дека е класифицирано како нешто поинакво поради бојата на нивната кожа? Тоа е шлаканица в лице. Целосно е расистички. Ставене Арапи со истотот оружје во тој ист Волмарт во Ел Пасо и нема шанси Трамп таму да би седел и да зборува во јавноста за ментални проблеми. Ми се чини дека претседателот Трамп во моментов е ментално најболното човечко битие во Америка“, изјавила Ријана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кирк Казинс откри како синовите го прифатиле неговото враќање во Минесота

Двата сина на Кирк Казинс и неговата сопруга Џули со нетрпение ја очекуваат преселбата во …