Одложено судското рочиште за убиството на Пино – мајката револтирана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кривичниот суд денес одлучи да го одложи судското рочиште за убиството на Пино Секондо, откако одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска го побара тоа. После одложувањето на судењето, мајката на Пино, Маја Трпковска изјави дека останала без верба во судската правда за нејзиниот син.

“Јас дојдов сабајлево со голема верба, сега искрено се предавам, дигам раце. Што сакаат, тоа нека прават. На македонски, старовремемска поговорка е “очи нека вадат, ќорави нека одат”. Моето дете назад нема да ми го вратат. Што да очекувам?“, изјави Трпковска, пренесува Телма.

Судењето беше одложено на барање на одбраната на обвинетата 22-годишна Ангела Ѓорѓиевска, соучесничка во убиството на Пино Секондо.

Нејзиниот адвокат Еленко Миланов, побара одложување за да може соодветно да се подготви за одбраната на обвинетата. Иако обвинителката Лидија Раичевиќ, оцени дека одбраната имала доволно време да се подготви, судот одлучи почетокот на судскиот процес да го одложи за 27-ми овој месец.

Пино Секондо исчезнал на 11-ти Декември, 2018-тата година а по повеќе од 5 месеци истрага, на 29-ти Април оваа година, во атарот на скопското село Љуботен, било пронајдено неговото безживотно тело.