Решение за одбраната: Мурињо носи засилување од 80 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат медиумите на Островот.

Скриниар игра фантастично во дресот на Интер и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Словачкиот репрезентативец ги прекина преговорите со Интер за нов договор, па Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 80 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец.

Скриниар е најголема желба на Мурињо, па останува да видиме како ќе реагираат „нероаѕурите“ на оваа понуда, иако е тешко да се поверува дека ќе го пуштат фудбалерот на средина од сезоната.