Република Северна Македонија „прилепено“ на граничниот премин со Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со присуство на голем број домашни и странски медиумски претставници, на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница, на службените табли беше прилепено новото уставно име на Македонија, Република Северна Македонија.

Надлежните служби ги поставија лепенките со називот Република Северна Македонија, а на чинот на поставувањето на новото име беа присутни медиумски екипи од Грција, Косово, Полска.

Новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Службен весник.