Home Актуелно Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира зголемените августовски сметки

Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира зголемените августовски сметки

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, претседателот Марко Бислимоски, изјави дека БЕГ ќе треба да им ги врати сметките за парно на скопјани во кои има пресметано зголемување од 40 отсто, откако многу граѓани реагираа дека добиле драстично зголемени цени за парното греење, иако поскапувањето требаше да изнесува 14 отсто. На тие граѓани кои веќе ја платиле сметката, парите ќе им бидат надоместени со следните сметки, рече Бислимоски.

„БЕГ не ги пресметала субвенциите што ги дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Скопје. Владата има донесено соодветна одлука, а ако има изминат рок ќе донесе нова. Потрошувачите секако ќе ги добијат субвенциите. Пари има издвоено и во буџетот. Тоа значи дека БЕГ ќе треба да ги сторнира сметките кои им ги испрати на потрошувачите во невообичаен термин пред завршување на месецот, на 30 и 31 август . Ќе треба да се подготват нови сметки кои ќе ги добијат граѓаните“, рече Бислимоски и нагласи дека дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бислимоски ги информира граѓаните дека тие што веќе ја платиле сметката, парите ќе им бидат вратени во наредните сметки, без оглед на тоа дали дејноста ќе врши БЕГ или друга компанија.

Регулаторна комисија во јуни годинава на БЕГ и ја одзеде лиценцата за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија, а претходно беше одземена лиценцата за производство на топлинска енергија. Меѓутоа, до завршување на процедурата за избор на нов вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, БЕГ законски е обврзана да ја врши дејноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…