Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата во Каталонија сѐ повеќе се заострува пред утрешниот рефендум за независност на оваа шпанска покраина, пишува Дојче Веле.
Непосредно пред спорниот референдум, поддржувачите на независноста на Каталонија окупираа избирачки места. Овие акции активистите ги спроведоа во текот на ноќта, наспроти судските одлуки дека гласањето е нелегално и дека гласачките места мора да заостанат затворени . Меѓу другото поддржувачи на независноста окупираа две училишта во Барселона каде што треба да се гласа. На Твитер беа објавени фотографии од окупирањето на избирачките места. Во меѓувреме од страна на активистите наводно биле окупирани вкупно 12 локации, кои биле планирани како гласачки места. Тие со тоа очигледно сакаат да спречат, полицијата по наредба на централната власта во Мадрид да им го забрани влезот на избирачките места.
Политичките тензии во Шпанија се сѐ поголеми пред претстојниот референдум за независност на Каталонија, кој централните власти во Мадрид го сметаат за нелегален и чие одржување настојуваат да го спречат по судски пат и со полициски акции.
Студентите во Барселона масовно излегоа на улиците во знак на подршка на референдумот, а каталонската полиција предупреди на немири доколку шпанските власти ги затворат избирачките места и се обидат да го спречат одржувањето на референдумот.
Уставниот суд на Шпанија пред 3 недели го суспендираше одржувањето на рефендумот до донесување пресуда за негова уставност, на барање на централната влада, додека полицијата во повеќе наврати заплени големо количество гласачки листови и плакати за промоција на референдумот.
Каталонските власти не сакаат да се откажат од референдумот и покрај секојдневните предупредувачки пораки од Мадрид и акциите на шпанската влада против каталонските официјални лица.
Граѓаните на референдумот за независност во недела ќе можат да гласаат во над 2.300 гласачки места.
Лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, рече дека притисоците на шпанските власти само ја засилуваат поддршката на граѓаните за референдумот и додаде оти се работи за тема која европските институции „нема да можат да ја игнорираат“.
Каталонските официјални претставници во повеќе наврати бараа поддршка од ЕУ да се одржи референдумот, наведувајќи дека Унијата им го „завртела грбот“ на Каталонците, но Брисел не зазеде политички став за тоа прашање.
Во Барселона, главниот град на Каталонија, протести се одржуваат речиси секојдневно поради настојувањето на Мадрид да го спречи референдумот на 1 октомври.
Каталонија има околу 5,5 милиони регистрирани избирачи. Анкетите покажуваат дека поголемиот дел од населението е за референдум, но оти се поделени по прашањето за независност.
Каталонија е една од 17 автономни покраини во Шпанија. Официјално, како „историска нација“, е призната во Каталонскиот автономен статут од 1979 година, во согласност со Уставот на Шпанија од 1978 година.
Извор: Дојче Веле