Home Спорт Реал Мадрид во четврток го претставува бразилскиот „бисер“

Реал Мадрид во четврток го претставува бразилскиот „бисер“

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид во четврток ќе го претстави бразилскиот суперталент Винисиус Жуниор, пренесува „Марка“.

Бразилецот наполни 18 години на 12-ти јули, а денес се очекува да пристигне во шпанската престолнина.

Првичните планови на „кралевите“ беа да го дадат на позајмица тинејџерот на една сезона, но трансферот на Роналдо во Јувентус најверојатно ќе ги промени плановите и Винисиус ќе биде интегриран во првиот тим.

Реал Мадрид го договори трансферот на Винисиус од Фламенго уште во мај 2017 година за 45 милиони евра, но се чекаше талентот да стане полнолетен за да се придружи на „кралевите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…