Home Спорт Реал Мадрид и Јунајтед спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид и Јунајтед спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед следно лето можат да направат размена на своите ѕвезди, пренесуваат медиумите на Островот.

Познат е инетерсот на Реал Мадрид за Погба. Според „Билд“, Зидан е решен да го привлече својот сонародник, дури и ако тоа значи да се откаже од услугите на Тони Крос.

Од другастрана „црвените ѓаволи“ покажуваат сериозен интерес за Германецот и не ја исклучува можноста за размена.

Имено, Манчестер Јунајтед наводно веќе подготвува понуда на адреса на Реал Мадрид. Оле Гунар Солскјер во Германецот гледа играч кој му е потребен за неговиот систем на игра.

Пол Погба е незадоволен со статусот во Манчестер и веројатно Перез ќе го побара како замена за поранешниот играч на Баерн, за кој ова не е прв пат да биде на радарот на најголемите англиски клубови.

Пазарната вредност на Крос во моментов изнесува 75 милиони евра, па „кралевите“ се спремни да доплатат за да го добијат потписот на Погба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…