Home Спорт Реал Мадрид го сака Мане и има план како да го убеди Ливерпул

Реал Мадрид го сака Мане и има план како да го убеди Ливерпул

Тренерот на Реал Мадрид, Зиндин Зидан сака во своите редови да ја донесе ѕвездата на Ливерпул Садио Мане и има план како да го направи тоа.

Според пишувањето на англиските медиуми, „кралевите“ на Клоп му го понудиле Марко Асенсио во замена за Садио Мане.

Познато е дека германскиот стратег и претходно го сакаше Шпанецот да го види во своите редови и беше спремен да плати голема сума за младиот фудбалер на Реал.

Фактот дека „Црвените“ не се спремни да потрошат големи пари, па Реал понуди и друго решение, да го испрати Асенсио на „Енфилд“, а во спротивна насока да си оди Садио Мане.

Сепак, Сенегалецот е еден од најважните играчи во екипата на Јирген Клоп и тешко дека Германецот ќе се откаже од него, па дури и во спротивна насока да си го добие Асенсио.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1145277828088434688

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…