Реал Мадрид го „краде“ миленикот на Анчелоти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Наполи, Пјотр Зиелински, тврдат италијанските медиуми.

Зиелински оваа сезона блеска во дресот на Наполи и е клучен играч во формацијата на Анчелоти, а одлични партии покажува и за полската репрезентација.

Играчот за врска пристигна во Неапол во 2016 година за 16 милиони евра од Удинезе и се етаблираше во еден од клучните фудбалери на тимот.

За него интерес покажаа Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи, но Анчелоти не сака да слушне да се откаже од својот „пулен“.

Зиелински е комплетен играч за врска кој креира, асистира и постигнува голови, па Реал Мадрид во него гледа долгорично решение за средниот ред.

Италијанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез ќе тргне во акција уште во зимскиот преоден рок, па останува да видиме дали ќе има доволно добра понуда да го убеди раководството на Наполи да ја пушти својата ѕвезда.