Home Спорт Реал го праќа „чудото од дете“ на позајмица во Херенверн!

Реал го праќа „чудото од дете“ на позајмица во Херенверн!

Еден од најталентираните фудбалери во Европа и член на Реал Мадрид, Мартин Одегард до крајот на сезоната ќе настапува во Херенверн како позајмен фудбалер.

Холандскиот клуб на својот официјален сајт го потврди доаѓањето на 18-годишниот Норвежанец, кој од Херенверн доаѓа од вториот тим на Реал Мадрид.

„Кралевите“, доколку сметаат дека ќе им биде потребен на крајот на сезоната ќе можат да го вратат Одегард на „Сантиаго Бернабеу“.

Одегард пристигна во Реал во јануари 2015 година за 4 милиони евра како еден од најголемите таленти во Европа.

Интересно, Норвежанецот во Реал заработува скоро 3 милиони евра по сезона, што е повеќе од платата на некои играчи од првиот тим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…