Home Спорт Реал го осигура првото засилување за јануари

Реал го осигура првото засилување за јануари

Реал Мадрид го осигура првото засилување за зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралскиот“ клуб уште во мај го претстави новото засилување, тогаш 16-годишниот бразилски „вундеркинд“ Винисиус Јуниор. За младиот напаѓач на Фламенго, кого го нарекуваат новиот Нејмар, Реал плати дури 45 милиони евра.

Иако официјално беше најавено дека Винисиус ќе пристиге на „Сантиаго Бернабеу“ во јули 2019 година, кога ќе биде полнолетен, сепак шпанските медиуми тврдат дека младиот напаѓач ќе им се приклучи на „кралевите“ уште во јануари, бидејќи Зидан има проблеми во напаѓачката линија.

Винисиус важи за еден од најголемите таленти во светот и за него силен интерес покажуваа многу европски гиганти, но Реал успеа да ја победи конкуренцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…