Home Актуелно Реакција од официјална Москва на забраната за прелетување на авионот над соседите од Србија

Реакција од официјална Москва на забраната за прелетување на авионот над соседите од Србија

Нов бран реакции пристигнуваат од Русија на забраната за прелетување на авионот со шефот на руската дипломатија кон Србија, каде денеска требаше да пристигне во дводневна посета.

„Москва и Белград мора исклучително остро да одговорат на затворањето на воздушниот простор од страна на соседите на Србија за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, изјави потпретседателот на горниот дом на рускиот парламент Константин Косачов.

Тој смета дека оваа одлука е удар врз Русија и Србија како држави.

„Реакцијата, се надевам, ќе ни биде заедничка и крајно остра, во формат не само на дипломатски протести туку и на конкретни практични одговори. Тоа е непочитување“, кажа тој.

Според него, одлуката на Бугарија, Црна Гора и Македонија да не го пропуштат рускиот авион не е самостојна.

„Сите три земји со влегувањето во НАТО го загубија суверенитетот“, констатираше Косачов.

Додаде дека „НАТО со директна интервенција во билатерални работи на Русија и Србија се обидува да ја заземе и потчини Европа“, кажа тој.

„Следната фаза ќе биде ширење на Алијансата на целиот свет, каде Кина по Русија ќе стане стратегиска цел број два“, кажа Косачов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…