Home Актуелно Реакција на Скопска пивара: Разочарани сме од Комисијата и се противиме на високата казна!

Реакција на Скопска пивара: Разочарани сме од Комисијата и се противиме на високата казна!

Пивара Скопје АД денеска беше информирана дека Комисијата за заштита на конкуренцијата донела одлука дека некои одредби во одредени договори на компанијата се во колизија со Законот за заштита на конкуренцијата.
Пивара Скопје АД категорично се противи на оваа одлука и ја изразува својата разочараност од неа.

Во изминатиот период Пивара Скопје целосно соработуваше во процесот на утврдување на евентуалниот прекршок и со тоа го потврди својот позитивен однос и волја да се расчистат сите отворени прашања.

Разочарани сме што Комисијата ја донела својата одлука без притоа да ги земе предвид аргументите на Пивара Скопје АД. Дополнително сме разочарани што Комисијата за заштита на конкуренцијата има изречено неразумно висока казна за Пивара Скопје, која не е во согласност со претходната казнена политика на Комисијата и воедно не кореспондира со одамна воспоставените практики на други тела надлежни за конкуренцијата во Европа и пошироко.

Пивара Скопје АД длабоко ги почитува правилата на конкуренцијата и е убедена дека денешната одлука ќе биде понишена од страна на судот, каде што компанијата ќе го изнесе случајот.

Пивара Скопје АД е присутна на македонскиот пазар повеќе од 93 години и во текот на целиот овој период секогаш постапувала во согласност со законите на Република Македонија.

„Пивара Скопје“ АД Скопје

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…