Разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј – еве кои се новите вршители на должноста


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Досегашниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, е разрешен од функцијата, а на негово место, но како вршител на должност, е назначен Пеце Матевски, кој доаѓа од позицијата директор на Термоелектрани во најголемиот капцитет за производство на струја во државата. Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за кадросвски промени и во РЕК Осломеј, каде е разрешен директорот Златко Пиперкоски и на негово место за ВД директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Директорската смена во РЕК Битола доаѓа во исклучително сложена состојба и енергетска криза, кога комбинатот се соочува со недостиг на јаглен, а во изминатиот период имаше и неколку хаварии и дефекти. На почеток на ноември имаше и пожар на трансформаторот на третиот блок, кога РЕК Битола целосно запре со производство на струја.

Вчера од државните електрани соопштија дека е интензивиран ископот на јаглен и во моментот на депонија има 200 илјади тони, за да се осигура призводство на електрична енергија во зимската сезона. Од распишаниот тендер за набавка на јаглен ќе биде потпишан договор за 90 илјади тони со компанија од Албанија, а за набавка на останатите количини за потрбите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, ќе биде распишан отворен повик кој ќе трае во текот на грејната сезона.