Home Шоубизнис Разголената актерка, „распната“ на крст, ги разгневи верниците

Разголената актерка, „распната“ на крст, ги разгневи верниците

Германската актерка Софија Томала се појави на реклама за божиќна лотарија, повеќе соблечена отколку облечена, и распната на крст.

„Божиќ сега ќе биде поубав“, е слоганот кој ја следи рекламата, која предизвика лавина од негативни реакции меѓу верниците.

Софија, која често предизвикува расправи на социјалните мрежи со своите објави, на Инстаграм покрај фотката напиша: „Прилично голем крст за така витка жена“.

„Обично твоите провокации се во ред за мене, но оваа е невкусна. Едноставно не е во ред“, „Ова што таа го прави е страшно и насочено против човештвото. Ја напаѓаш верата на другите“ и „Немаш почит кон другите“, беа само дел од големиот број коментари кои ги доби на своја сметка Софија за оваа објава.

Од црковните кругови порачаа дека рекламата е невкусна и глупава и дека „очајно е тоа што една компанија мисли да привлече клиенти со навреда на туѓите верски чувства“.

Софија последен пат се најде во центарот на медиумското внимание надвор од родната Германија, кога на една хуманитарна вечера се појави со принцот  Хари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Анна Камп се чувствува ‘слободна’ по откривањето на својата бисексуалност, споделува детали за врската со Џејд

Анна Камп живее најдобриот и најавтентичен живот откако јавно откри дека е бисексуална. „М…