Home Спорт Раул го објави поширокиот список за Европското првенство!

Раул го објави поширокиот список за Европското првенство!

Селекторот на ракометната репрезентација, Раул Гонзалез денес го објави поширокиот список на играчи за Европското првенство, кое следниот месец ќе се одржи во Хрватска.

Изненадувања во спискот нема, Раул се одлучи за добро проверени имиња, а единствените нови имиња се 19-годишниот Марио Танкоски и 17-годишниот Мартин Серафимов.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов.

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Македонија на континенталното првенство во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…