Распеаниот индиски полицаец ги освои срцата на граѓаните од Делхи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Индискиот полицаец Викаш Синх ги освои срцата на граѓаните од Делхи со неговото пеење, свирење и битбокс вештини.

Синх е сообраќаец во Њу Делхи, главниот град на Индија, кој како млад немал пари да посетува часови да научи да свири на некој инструмент, па почнал да ги имитира самите инструменти. Видеото на кое тој е снимен како пее патриотски песни стана вирален хит на социјалните мрежи.

„Како дете ме интересираше музиката, но немав доволно пари за часови по клавир. Имав страст кон музиката, па поради тоа почнав да ги имитирам инструментите и да правам битбокс“, вели необичниот полицаец.

Додава дека не можел ни да сонува оти ќе стане популарен, но дека пеењето му помогнало во кариерата, бидејќи верува во јавната служба. Има организирано голем број настапи во затворот Тихар во Њу Делхи.

„Затворениците обично не сакаат полицајци, но им се допадна мојата музика. Јас сум полицаец, тоа е мојата кариера преку која им служам на граѓаните. Стојам 12 часа дневно на улица без оглед на загадувањето“, вели Синх.