Раперот Р Кели осуден на 30 години затвор


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Њујоршкиот суд го осуди славниот пејач, текстописец и продуцент Р. Кели (Роберт Силвестер Кели) на 30 години затвор затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава да изложува млади обожавателки, вклучително и голем број девојчиња, на систематска сексуална злоупотреба.

55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и трговија со секс на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканци.

Судијката Ен Донели го осуди обвинетиот откако ги слушна сведочењата на неколку преживеани жени кои сведочеа дека злоупотребата на Кели оставила длабоки траги во нивните животи.

„Ме принудаше да правам работи што ми го скршија духот. Буквално сакав да умрам колку што се чувствував безвредно. Се сеќаваш ли на тоа?“, праша директно една од жртвите на злоупотреба, обраќајќи му се на Кели, која седеше со скрстени раце и со спуштени очи.

Оваа реченица го означи крајот на популарноста на Р. Кели, човекот кој продаде милиони албуми, кој го обожаваа милиони фанови дури и откако во јавноста почнаа да кружат обвинувања за неговото насилно однесување кон младите девојки во раните 1990-ти.